Ова ќе биде уште една пролет која по сивилото на зимата ќе ни ги обои гардероберите во боите на бонбоните, или сладоледот, или овошје.
Пастелните нијанси на сина, розова и портокалово-црвена, како и нивните неонски нијанси, го превзедоа приматот на тамните, длабоки бои кои сега можат да се најдат само на последните броеви од финалната распродажба.
Во светли бои доаѓаат сите останати парчиња – панталони, фармерки, мали кратки јакни, блузи. Особено се хит лесните и широки џемпери од чист памук (кои често се многу кратки кога станува збор за долниот пораб, односно станува збор за варијанта на модерно болеро). Ќе ве изненади и некоја кожна јакна во силна замислена зелена нијанса или можеби електрично сина боја, како и безброј маички во бебешко розова боја.
Со сите овие пријатни бои, дизајнерите се потрудија да им удоволат и на класичните дами, кои сакаат да го нагласуваат својот сексапил со црно-бели парчиња кои ја играат онаа секогаш интересна геометриска игра по женското тело. Тоа особено се однесува за фустаните и туниките, како и за сакоата.
Погледнете со какви бои ја започнаа пролетта познатите брендови Replay, Marks&Spenser, Mango, H&M, Benetton, Moivi, New Yorker и Ann Christine.












You must be logged in to post a comment Login