На ниските им е полесно да пронајдат облека што им одговара за разлика од високите, затоа што секогаш постои можност да го скратат или прешијат она што им е предолго.
Кога следниот пат ќе тргнете на шопинг, ќе ви биде кристално јасно какви парчиња ви се потребни за да изгледате витки и да ги прикриете недостатоците.
На ниските им е полесно да пронајдат облека што им одговара за разлика од високите, затоа што секогаш постои можност да го скратат или прешијат она што им е предолго. Ова највеќе важи за панталони и фармерки. Тие несмеат да бидат насобрани кај ногавиците, а работ мора да паѓа преку обувките. Манжетни не се пожелни затоа што визуелно ги скратуваат нозете и целосната фигура. Немојте да носите ни премногу тесни или широки панталони. Ако имате кратки нозе, појасот на нив нека биде високо на струкот. Доколку ви е кратко торзото, носете панталони со рамни ногавици.
За горниот дел купувајте облека која визуелно ќе го сврти вниамнието према вашето лице. Под тоа се подразбира кошула со шпицаста крагња и сако со високи широки исто така шпицасти раменици. Избегнувајте се што ќе обрне внимание на долниот дел на торзото, како што се длабоки “V” парчиња или сакоа и џемпери со дворедно закопчување. За да го издолжите краткото торзо, носете рамни кошули без набори. Ако ракавите на кошулата се преголеми, ќе изгледате како дете, затоа настојувајте само делумно да бидат видливи испод сакото или џемперот.
Кога купувате сакоа и капути, избегнувајте прешироки и бирајте кратки, до бутот, така визуелно ќе ги продолжите нозете. Најдобро за вас е да имате шивачка што се ќе ви шие по мерка. Замолете го џебовите на градите да ги постави повисоко на платото, а на панталоните малку да ги спушти, тоа ќе ве издолжи.

Кога се во прашање боите и дезените, изборот повеќе зависи од ширината одколку од висината. Слаби, а ниски, можат да носат дезени со ленти кои ќе ги издолжат, додека темната боја ќе им помогне на „крупните“ да изгледаат послабо, а светлите бои се погодни за слаби.
Сепак, колку килограми и да имате, постојат неколку правила што ваѓат за сите. Неважно дали носите светла или темна облека, на ниските им одговараат еднобојни комбинации затоа што ја продолжуваат фигурата. Така, би требало да носите кошули со дискретни дезени, и избегнувајте големи шари, посебно коцки.


You must be logged in to post a comment Login