Модата се менува од ден на ден, но некои работи едноставно живеат како (не)прифатливи, а ние се придржуваме за нив како слепи. Епа, дојде време за промена.
Црна и темно сина се неприфатлива комбинација
Кај оваа комбинација е само важно дека стилот мора да изгледа како да е намерно комбиниран. Оваа комбинација може да биде многу ласкава, елегантна, може да ја издолжи фигурата и да биде многу интересна.
Патиките се резервирани само за спортска сала
Ова е, особено кога станува збор за новите трендови, глупост! Исфрлете ги чорапите и носете ги лежерно врзани со панталони или фармерки, со пролетна јакна за шик викенд…
“Шљокици” се само за вечер
Време е да се збогуваме со ова правило. Денес фустани со “шљокици” се носат со маскирни јакни!
Ниски девојки не можат да носат миди здолништа
Само да изберете здолниште што убаво ја нагласува половината, достигнувајќи под колената, ставете некои видливи високи потпетици кои ќе ве издолжат и не постои причина да не го носите овој тренд.
Тексас на тексас, не- не-не
Тексас кошула сигурно може да се справи со фармерки, тексас шорцеви или тексас здолниште. Тоа е тренд што ни следува од минатата сезона.
Чорапи на чевли носеле туристите во 80-тите
Отворените сандали комбинирајте ги со чорапи, модните куќи за уличната мода нудат голем број чорапи кои изгледаат како да се дизајнирани за сандали.
Хоризонталните шари ќе ве направат пошироки
Ниту ова правило не се вреди ако знаете како да ги носите шарите, на пример, под долга јакна! Не бегајте од нив, тие се модерни и нудат различни стилови.

You must be logged in to post a comment Login