Доколку сакате да сте во чекор со трендовите, ослободете се од стереотипите дека коженото здолниште изгледа вулгарно и научете неколку фори за комбинирање.
Кратко или долго, црно или шарено – тоа е модна комбинација кои по секоја цена треба да ја имате во вашата гардероба.
Со кожна јакна

Ви гарантираме дека доколку го комбинирате актуелното кожено здолниште со јакна од истиот материјал, нема да изгледате како хероини од “Матрикс”. Можете дури и да изберете различни бои.
Со елегантен капут

Есенски капут и здолниште од типот молив – полн погодок!
Со широк џемпер

Волуменските и широки џемпери ветуваат дека ќе бидат актуелни и во оваа сезона. Додадете шал или масивен ѓердан и подгответе се за погледи.
Со јакна или кошула од тексас

Тексас јакните даваат едно градско емитување на речиси секој стајлинг.
Со патики

Го сакаме комбинирањето на спортското со елегантното во една визија, особено кога станува збор за ваков тренд.

You must be logged in to post a comment Login