Оваа сезона мејкап артистите на модната недела во Париз презентираа од впечатлива шминка до целосно природен изглед. Истакнати очи со „лепеза“ трепки и графички eyeliner. Фризурите не беа нешто неочекувано доминираа плетенките а исто така и брановите.
Здолниште во А линија
Овој модел на здолништа се абсолутен хит, изберете во неутрални бои, со впечатливи додатоци или пак со повеќе колорит. Ќе внесете свежина и нова нота во вашите секојдневни комбинации. Ја истакнува фигурата и изгледа ултра лежерно но софистицирано.



Комбилизон
Комбилизоните се абсолутен хит веќе неколку сезони, парчето облека кое едноставно ќе го обожавате и ќе уживате при комбинирањето. Овој пат издвоивме модел со „голи рамена“ што е моментално огромен тренд.

Црн комбилизон

„Римјанки“ сандали
Инспирирани од оние кои ги носеле античките гладијатори, римјанките се абсолутен тренд кој мора да го поседувате. Било рамни или на висока пета одберете го вашиот пар, тие секогаш ќе изгледаат толку безвременски и гламурозно.



Фармерска јакна
Уште еден хит кој никогаш не излегол од мода. Се вклопува во секој изглед и комбинација и дава „младешки“ шмек. Овој пат ве советуваме за over sized модел кој ќе изгледа совршено со вашиот тесен црн фустан.

Темно зелена – „војничка“ кошула

„Choker“ ланче
Овој тренд се врати назад од 90-тите а во модниот свет нема кој не го обожава. Додадете малку шик-рокерски нота на вашиот изглед.


You must be logged in to post a comment Login