Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модели на чевли и ташни кои го освојуваат светот на модните додатоци

Постои една чудна работа поврзана со Mansur Gavriel, а тоа е дека тој сигурно не ги измислил популарните bucket торби, сандалите со блок пета или кожните tote торби.

Но некако, MG верзијата на споменатите парчиња успеа да го фати духот на минатото, поради што овие луксузни аксесоари се доминантни на пазарот за модни додатоци.

Дали станува збор за производи кои се појавија на пазарот во вистински момент или за добар маркетинг, не можеме со сигурност да тврдиме, но можеме да кажеме дека тој е вистински мајстор за изработка на едноставни аксесоари кои ги одушевуваат дамите.

За тоа дека неговите креации ги освојуваат срцата на жените низ целиот свет, говори фактот дека неговите обновени залихи се продадени за помалку од 10 минути.

На најновата презентација во Њујорк, Mansur Gavriel претстави неколку нови трендови кои ја потврдуваат вредноста на овој бренд.

Во колекцијата за есен 2016 се нуди широк избор на женствени ташни, совршени силуети и стилето чевли со ниска пета кои изгледаат како да излегле од 60-те. Секако моделите се освежени со модерни детали и јаки бои.

Особено внимание привлече модифицираната верзија на ташната на Hermes Birkin, која во неговата варијанта ги задржува пропорциите и препознатливата силуета на најпопуларната ташна на светот.

mg-aksesoari-02

Во фокусот, покрај ташната беа и mules сандалите со јака и цврста штикла во облик на триаголник.

Ташните кои ја поседуваат препознатливата силуета од 60-те пристигнуваат во нешто по елегантна варијанта со висок сјај во боја на јаглика и лубеница.

mg-aksesoari-03

И на крај MG брендот ја претстави црвената ташна од антилоп која совршено се вклопува со елегантни чевли.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement