Колку и да се непрактични, мини чантите оваа сезона се на сцена! Се разбира први ги претставија ѕвездите на модните недели во Њујорк, Милано и Париз, a љубителите на модата со задоволство ги прифатија.
Овој тренд прва го претстави модната икона Мирослава Дума, која пред неколку сезони се накити со дури две Chanel “Boy” чанти, а после неа се појавија голем број улични модни икони со минијатурни чанти.
Дизајнерите набрзо сватија дека мини чантите ги сакаат сите љубители на модата, па во своите колекции вметнаа мали верзии од чантите кои вообичаено ги продаваат.
Иако во нив може да се смести само кармин, мобилен телефон и клучеви, овие слатки модели и понатаму се еден од најдрагите модни додатоци на голем број трендсетерки.
Дали и на вас ви се допаѓаат?










You must be logged in to post a comment Login