Поврзаноста на мажите за саатите е иста како и нивната поврзаност со автомобилите.
Мажите сакаат да ги следат модата и новите трендови и најнапредната технологија, истото важи и за часовниците.Се разбира, тоа посебно важи за Холивуд, каде што луксузните часовнии секојдневно можеме да ги забележиме. Ви ги претставуваме часовниците на познатите од Холивуд .

ТОМ КРУЗ- BREMONT
Тоа е глумецот кој сме навикнати да го гледаме на малите екрани и во кино салите во најдобрите филмови на денешницата. Со оглед на тоа дека се повеќе се појавува во акциони филмови, не не изненадува многу фактот што неговиот избор на часовници е токму во тој стил. Тој поседува Bremont часовник кој е дел од британската колекција, познат по отпорниот дизајн. Факт е дека токму овој бренд е водечки во индустријата за производство на часовници, нивната поврзаност со авијацијата е дел од причината зошто Том Круз се одлучи да го поседува токму овој часовник. Тоа што исто така не изненади е нивната достапност вопоглед на цената за разлика од другите часовници од оваа колекција. Овој часовник чини само 5.000 долари.

ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО- Tag Heuer
Кога сме кајпознатите актери , не смееме да го изоставиме и леонард Ди Каприо, кој само пред неколку дена го доби долгоочекуваниот Оскар. Неговиот успех не може секој да го постигне. Токму поради неговите достигнувања и упорноста, токму тој ја доби можноста да биде претставник на овој бренд на часовници. Често може да го видиме со Tag Heuer Carrera Chronograph часовник, кој во споредба со часовниците кои ги носат останатите познати, спаѓа во категоријата на скромни часовници.Tag Heuer е еден од премиум брендовите , со многу голема репутација. Исто така, своите импресии ги проширија и во модниот свет, што доволно ни говори за нивниот успех и напредок.

Џејсон Стејтам- Panerai
После Том Круз, Џејсон Стејтам е исто така е дел од најдобрите акциони филмови. Иако, тоа што тој може да го одглуми во неговите акциони филмови, тешко дека може да го направи некој друг. Овој британски актер во својата филмска кариера има многи филмови кои се исконски, кои секогаш ќе бидат меѓу најдобрите во нивната категорија. Кога се одлучи да избере часовник, овој глумец се одлучи за брендот Panerai, како свој прв избор, а доколку сте гледале некој од неговите филмови, на пример Транспортер, можете да забележите дека неговите ликови на екранот носат самоPanerai, модели. Брендот Panerai влезе во светот на часовниците и постигна голем број на партнерства кои се карактеристика на една ера во дизајнот. Исто така и неговиот ценет колега Силвестар Сталоне е голем обожаваел на моделите на овој бренд.
USHER-ROLEX
Се прфрламе во музичката индустрија, каде што го избираме Usher како следен на нашата листа. Има продадено десетици илјади примероци од неговите албуми и многумина гледаат на него како најголема личност во светот во таа област. Неколку пати се појави во филм , каде што се покажа дека одлично му оди и во таа област. Како мошне позната личност можеме да заклучиме дека многу внимава на својот изглед и дека сигурно внимава и на тоа каков часовник носи. тој го избра Rolex, неговиот омилен модел од овој бренд е Rolex Milgauss, кој често можеме да го забележиме како дел од неговиот стајлинг.

БРЕД ПИТ- TAG Heuer
Не може да се изостави Бред Пит, како еден од најуспешните и најпознати актери. Сите добро ги знаеме неговите достигнувања и каква личност е Бред, секој припадник на машкиот пол посакува да наликува и да биде како него. TAG Heuer го одбра токму Бред Пит за негово заштитно лице. Тој го носи моделот Carrera, кој е еден од најпопуларните модели на часовници од овој бренд , а и воопшто.

Роберт Дауни Јуниор- Jaeger LeCoultre
Без разлика дали тоа е во улога на Iron Man и Шерлок Холмс, Роберт Дауни Јуниор е една од омилените личности во Холивуд. Покрај тоа што е познат од гореспоменатите филмови, тој е присутен на малите екрани од 5 годишна возраст. На нашата листа на познати личности и нивните часовници, тој е единствен претставник на овој бренд. Соработката на овој актер и компанијата за производство на часовници Jaeger LeCoultre започна пред промовирањето на филмот Iron Man. Тој во неговите излагања промовираше неколку видови часовници. Иако Amvox 3 моделот не се смета за популарен во колекцијата на овој бренд, откако овој актер го промовираше, многумина посакаа истиот тој модел да биде во нивна сопственост.

Џон Траволта – Breitling
Џон Траволта е личноста што ја оставивме за крај на оваа листа, познат по неговите водечки улоги во Pulp Fiction и Face Off. Исто како и Роберт Дауни Јуниор, тој е одана присутен во многу филмови и зад себе има успешна кариера и секако би сакале да знаеме каков часовник носи овој актер. Тој е единствениот на оваа листа која го носи моделот Breitling. Breitling компанијата често соработува со познати личности , и може да се каже дека се една од водечките комапании за производство на часовници. Оваа компанија често соработува со познати брендови како што е Бентли , што уште еднашпокажува колку се луксузни и ексклузивни.


You must be logged in to post a comment Login