Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Колку им значи доделувањето на Оскар на модните куќи?

Кога минатата година младата глумица Џенифер Лорен се сопна додека одеше да го земе Оскарот за најдобра женска улога, нејзиниот светло розев фустан, креација на модната куќа Диор, излезе во прв план и го привлеце милионскиот аудиториум.

Рекламниот „бонус” што оваа тоалета го доби за време на преносот на една од најгламурозните свечености, нема цена за брендовите како Диор, една од најприсутните модни куќи на оскаровскиот црвен тепих.

Успехот на овој тепих е за дизајнерите, ама и за ѕвездите кои ги носат нивните крации, гаранција е дека им претстои  златна иднина каква што ниедна реклама неможе да им осигура. „Шетањето на ѕвездите на црвениот тепих пред ноќта на Оскарите е голема и бесплатна прилика за модните дизајнери да допрат до публиката” – истакнува уреникот на модниот магазин Инстајл, Аријел Фоксман.

Oskari moda 04.03
„Тоа е бесплатна реклама. Рекламните минути денес се прескапи, а буџетите за маркетинг треба да ги покријат и социјалните медиуми, дигиталните и печатените медиуми и телевизијата” – напоменува тој, додавајќи дека затоа овие минути , како доделувањето на Оскар, се толку драгоцени.

Спрема извештајот на агенцијата Кантар Медиа, реклама со времетраење од 30 секунди во ланските Оскари чинела во просек околу 1,64 милиони долари. А преносот го следеле 40,3 милиони луѓе само во САД и неколку стотици милиони ширум светот. Со својот говор и спектакуларниот пад на минатогодишната церемонија, Џенифер Лоренс ги задржала камерите на себе  и фустанот повеќе од 75 секунди. За реклама со таа должина, Диор би требало да плати преку 4 милиони долари. Времето кое и е посветено на глумицата пред почетокот на спекталот не е вкалкулирано.

За оваа година, Кантар медиа предвидуваа дека реклама од 30 секунди ќе чини, во просек, 1,8 милиони долари. 23-годишната актерка Џенифер Лоренс беше повторно номинирана за Оскар, овој пат за споредна улога и  повторно носеше тоалета на Диор, чиј е амбасадор.

Но, оваа година сите очи беа вперени во Лупита Нјонго која им паѓа во очи на модните критичари со блескавите бои на нејзините тоалети, од јако црвената тоалета на Ралф Лорен во која се појави на доделувањето на Златен глобус, до тиркизната на Гучи што ја носеше на доделувањето на наградите на Американското здружение на филмски глумци. До поледен момент, нејзиниот стилист Микела Ерлингер одбивала да каже што ќе носи Лупита на Оскарите, кажувајќи дека мора да постои „момент на изненадување”.

„Тој момент ја одржува напнатоста. Можеби ќе биде фустан изненадување, малку откачен, ама во секој случај ќе биде креација која во себе ќе содржи нешто модерно и нешто класично”, кажала таа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement