Модните ревии и нивните презентации на модните недели во целиот свет, кај обичниот човек го поставуваат прашањето “Каде би можела да го облечам ова?”
Без оглед на таквото мислење, модните ревии се всушност театарски претстави. Тие се таму за да раскажат една поинаква приказна за парчињата облека, кои не изгледаат исто како кога се ставени на закачалка во бекстејџ, во некој плакар или во продажен салон. Сама по себе, модната ревија претставува завршен чин на визијата на дизајнерот за колекцијата, непосредно пред продажбата.
Кога станува збор за модата како уметност, тогаш не можеме, а да не зборуваме за Марк Џејкобс и неговата неодамнешна презентација на колекцијата за есен 2016.
Она што беше претставено е дефинитивно поразличено и можеби ќе ве потсетува на некој хорор филм бидејќи и Лејди Гага е ѕвезда на оваа претстава, но факт е дека целата колекција е наменета за холивудски ѕвезди или за оние кои се чувствуваат така.
Беа претставени широки модели со огромни панделки, крзна, платформи, шарени чорапи, балон здолништа, сите зачинети со готик шминка во која доминираат темниот eyeliner и бледите усни кои помалку наликуваат на Мортиша Адамс.
Погледнете ја оваа колекцијата, а ние се надеваме дека нема и вам да ви падне на памет прашањето: “Каде би можела да го облечам ова?”












You must be logged in to post a comment Login