Вистинскиот најдобaр пријател на жената не се дијамантите, туку чевлите. Можеби и затоа сакаме да ги имаме во толку голем број. Со менувањето на сезоните, најдобрата инвестиција се токму новите чевли.
Често наједноставниот детал има најголемо влијание на целокупниот изглед. Чевлите едноставно се магичен елемент. Тие се неопходни за да ги облагородат фармерките, да им дадат префинет изглед на здолништата и фустаните, да го дефинираат деловниот или вечерниот изглед. Од канцеларија на вечера? Се е во чевлите!
Со новата сезона, новиот пар чевли (или два, три пара) се незаобиколив моден детал. Оваа пролет трендовите се разноблазни, во склад со модерното секојдневие. Од класични модели со безвременски дизајн, вивидни бои, цветни и геометриски дезени, па дури и женствени патики кои стануваат се поголем тренд, погледнете ја новата колекција на Nine West која воодушевува со богат избор и квалитет каков што секоја жена посакува.














You must be logged in to post a comment Login