Кендис Свонпул, ангелот на „Victoria’s secret“ и една од најбараните манекенки на денешницата е заштитното лице на новата кампања на брендот „The Upside“. Сите облини на јужно-африканската убавица дојдоа до израз во спортската облека со оваа еткета.
За време на снимањето, друштво во кампањата на Кендис ѝ правеше еден згоден манекен со кого убавицата ги „одмери силите“ на плажа.
Оваа манекенка е прва во тимот на „Victoria’s secret“, па затоа на годишната ревија на оваа куќа која се одржа пред неколку месеци во Њујорк, носеше градник вреден дури 10 милиони долари.







You must be logged in to post a comment Login