Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да носите куси панталони и да изгледате убаво, дотерано и професионално

Кусите панталони без сомнение се едно од омилените парчиња облека во летниот период, но дефинитивно не се првото нешто кое го земате од плакарот кога се облекувате за на работа, за вечерно излегување или за која било пригода во која треба да изгледате дотерани. 

Но се вели, работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Костумите со шик куси панталони се појавуваа на модната писта во изминативе неколку сезони, што може да се протолкува како преминување на кусите панталони од кежуал секцијата во софистицираната.

За на работа

Побарајте куси панталони со класичен крој, со должина до колена и не премногу тесни. Многу е важно да не откривате премногу и да не изгледате многу секси. Можете да додадете палто со машки крој за да додадете баланс. Не заборавајте на коланот, додадете ланче со привезок и пар мокасини или женствени салонки.

За фенси попладневна пијачка 

Заменете го кардиганот со долг лежерен мантил или летен џемпер со широка плетка. На оној начин ќе постигнете кежуал, но сепак секси изглед одличен за да покажете малку кожа и истовремено да се чувствувате удобно.

За вечерно излегување 

Носете куси панталони во стилот на Хелмут Њутон, без маичка под сакото и со пар секси потпетици. Закопчајте го палтото, залижете ја косата, ставете силна боја на кармин и освојте го градот. Нема потреба да носите накит, вашите нозе кажуваат се.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement