Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

HUGO BOSS- Пролет/лето 2016

Оваа сезона на Hugo Boss пролет/лето 2016, наменета за женскиот пол, се одликува со чисти линии, комбинации од различни бои и контролирана употреба на акценти, но и понатаму преовладува впечатокот на заволива женственост што ја бои целата оваа приказна.

Во својата четврта колекција на Boss за жени, уметничкиот директор Џејсон Ву идеите за новите модели ги црпеше од движењето на Баухаус. При оценувањето на ова движење и и сопствената интерпретација на неговите идеи, во оваа колекција презентирана е згодна силуета со нагласена женственост , стратешки поставени  во близина на линеарни и геометриски форми. Како одраз на традиционалните бои на Баухаус- жолта, сина и црвена боја како акценти во колекцијата, стратешки ги употреби на оние парчиња кои сакаше да ги истакне.

,, Сакав да создадам мода која претставува експресија на естетски елементи и е базирана на принципот на Баухаус. Покрај геометријата која е користена за принтовите и строгата прецизна силуета и овозможи да се создаде нешто необично за структуирање на секое парче и прецизна конструкција на парчињата облека. За мене, тоа е она што го дефинира Баухаус стилот, а тоа е основната идеја за возбудлива, иновативна и  соодветна современа жена”.

Критичарите приметија дека во оваа колекција на Џејсон Ву, на импресивен начин го преведе на формалин начин јазикот Баухаус во своите креации. Геометријата завзема централно место и таа оживеа преку женската силуета со нагласена половина и истакнати рамена. Геометриските принтови во чисто светло – темни контраст бои даваат силен акцент на рамно скроените здолништа, палта  и фустани. Џејсон Ву никогаш не ги користи боите како украс, тој тоа секогаш го прави преку својата јасна позиција.

Во оваа колекција, исто така се применуваат нови технологии. Во конкретниот случај, ласерското сечење кое се применува на класичниот фанел и во основа моделите изработени од овој материјал ги прават овие модели ултра модерни, иако во основа се работи за класични модели.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement