Светската мода е инспирација и кај нас, а дури и во воените редови – војничките униформи станаа инспирација за секојдневната гардероба на жените, кои овој мажествен принт вешто го склопуваат во женствени модни комбинации.
Овој специфичен и впечатлив тренд како никогаш да не избледува во минатото, туку одвреме на време се истакнува на модните писти и меѓу есен/зима колекциите на големите модни куќи. Оваа зима повторно доживува враќање на сцената, а во галеријата погледнете како може да го носите и од кои сè различни модели може да одберете.