Овој примерок доминира во колекциите на познатите светски дизајнери а ако не сте љубител на овој тренд, комбинацијата можете да ја освежите со каро детали
Трендовите доаѓаат и си одат, но некои работи секогаш повторно ги одушевуваат љубителите на модата. Една од тие е каро примерокот, кој ги воодушеви и најеминентните светски имиња како „Гучи“, „Москино“, „Стела Мекартни“ и „Жил Сандер“, па му посветија внимание во поголем дел од своите колекции.
Крупен дезен
Поладното време е идеално овој популарен дезен да се носи на капутите, сукњите, кошулите, но и на обувките и торбите. Карото оваа сезона е малку поголемо, значи, на она ситното заборавете, а што се однесува на боите, иако се носат посмели нијанси, доминира црната, која е пратена од црвената.
Ефектот на каро дизајнот е навистина неверојатен, и баш поради таа причина треба да се дозира. Карирана кошула, која моментално е најпопуларна меѓу облеката, можете да ја комбинирате се кожна сукња, тесни фармерки и добри кожни (бајкерски) чизми, а ако перферирате карирани капути, остатокот од облеката мора да биде сосема едноставен. Ако пак се одлучите за кариран фустан, дамската ташна во „Шанел “ стил и елегантни салонки се вистинскиот избор.
А ако карото го сакате само како детал, ви предлагаме облеката да ја освежите со облека, торба или парче накит кој на себе го има овој мотив.
Мала историја на карираниот дезен
Овој дезен бил „униформа“ на шкотските кланови, кои меѓусебно се натпреварувале кој ќе има поубав дезен. Во 18 век полни 25 години бил забранет, но и ден денешен остана симбол на Шкотска. Се до 19 век го користат само мажите. Тогаш го прифатила кралицата Викторија и започнал тренд кој се проширил низ целиот свет. Првенствено бил заштитен знак за аристократијата, меѓутоа, со доаѓањето на панк движењето креаторката Вивијен Вествуд го сврстила во својата колекција, што било вистински моден преседан.
Вистинскиот тренд на карирани кошули започнува во девеесетите години на минатиот век со популаризирање од страна на иконите од тоа време, како Нирвана и Прл Џем, кои секогаш се носеле во карирани кошули со искинати фармерки. Курт Кобејн на својата венчавка носел токму таква кошула.


You must be logged in to post a comment Login