Есента веќе одамна пристинга, но дали таа се одразува на вашиот моден стил? Ова се моделите на чизми кои ќе го комплетираат вашиот есенски стил.
1. Чизми до колена
Чизмите до колена се апсолутен хит оваа есенска сезона, бидејќи одговараат со секакви комбинации. Без разлика дали станува збор за лежерна, дневна комбинација или посвечена, овие чизми сосема ќе ви одговараат. Наша препорака е да купите кожен модел, бидејќи покрај тоа што ќе изгледаат убаво, ќе ве греат и ќе траат подолго.

2. Чизми до листовите
Овој модел на чизми најдобро им одговара на послаби девојки со тенки нозе, но се разбира не е наменет исклучиво за нив. Се додека добро и паметно ги комбинирате, чизмите до листовите може да го постигнат оној сосема тренди ефект. Наш совет е да ги превиткате фармерките до каде што се чизмите за целосно да се гледаат и за визуелно да ви ги издолжат нозете.

3. Над колена
Чизмите над колена се сметаат за најсекси обувки, а и самите знаете зошто. Тие бараат храбар моден стил и спремност за покажување кожа. Наш совет е да ги носите со тесни фармерки или со кратки здолништа/шорцеви. Одлично одговараат и со широки и долги капути но можете да ги носите и со пончо.

4. Чизми до над глуждовите
Ова е најуниверзален и најпродаван модел на чизми. Тие станаа апсолутен хит пред неколку години и оттогаш царуваат на есенската модна сцена. Она што ги прави толку популарни е нивната универзалност. Можат да се носат со сосема лежерни комбинации, но и во сосема свечени. На вас е да одберете боја, модел и материјал, а останатото е прашање на добро комбинирање.


You must be logged in to post a comment Login