Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

BULGARI OCTO новитети

Еден од најмоќните луксузни италијански брендови, Bulgari , ги претстави своите новитети за претстојната година.

Оваа компанија наскоро ќе ја лансира и својата прва верзија од линијата BULGARI OCTO  часовници. Четирите нови модели од оваа колекција наскоро ќе Ви бидат откриени, секој од нив е уникатен и со интересен дизајн. Овие часовници се со агли и извајан изглед, кој Bulgari ги стекна со купувањето на независниот производител на часовници Gerald Gent.

За време на саемот за часовници во Базел оваа година , Bulgari  Octo часовниците го покажаа својот уникатен дизајн, комбинација од црн карбон кој наликува на дијаманти, розево злато, на тој начин е креирана добитната комбинација.

Брендот Bulgari  Ви ги претстави ултра тенките Finissimo Tourbillon, Velocissimo хронограф и Solotempo за двата видови на детали со кои завршуваат овие часовници.  Finissimo Tourbillon е еден од најтенките часовници од овој вид, со дебелина од само 5 мм, и куќиште кое има дијаметар од преку 40 мм,а изработено е од титаниум. Него го движи BVL 268 механизмот за рачно навивање на механизмот.

Velocissimo хронограф  има автоматски хронограф Zenith El Primero, во куќиштето со пречник од 41мм, кој е изработен од челик и розево злато.

Solotempo од друга страна пак, Ви го претставува наједноставниот  Bulgari новитет од колекцијата Octo . Обвивката е направена од розево злато или DLC  челик. Двата модели на Solotempo имаат BVL автоматски механизам.

Цената на моделот е : 8.600 долари за Finissimo Tourbillon, 14.000 долари за Velocissimo, и 11.400 долари за Solotempo.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement