Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Бои кои треба да ги имате оваа пролет

Дали сакате нешто различно од пастелните нијанси или црно-белите класични комбинации? Инспирирајте се овде!

Иако не можеме да негираме дека целосно црниот аутфит е лесна и безболна варијатна, животот е позабавен кога во него ќе внесете малку боја. Токму затоа, оваа пролет не можеме да ги тргнеме очите од живите бои кои ги окупираат орманите на светските трендсетерки. Силна розова, златно жолта, богата индиго и разиграна виолетова, ова се нијансите кои дефинитивно ќе ве ослободат од зимското сивило и ќе придонесат кон насмевката на вашето, но и на лицето на сите кои ќе ве забележат.

Силна розова 

Пастелната розова беше најпопуларна боја минатата година, и сè уште е актуелна. Но, ако сакате нештo ново, одберете моќна електрично розова. Зборуваме за скоро флуросцентна Барби боја која сигурно сте ја обожавале како мали.

Златно жолта

Златно жолтата е посебна боја која е нешто помеѓу пригушена сенф-боја и боја на сончева банана. Жива е, но не толку многу што ќе ви ги замори очите, што ја прави совршена боја за пролетта. На спектарот за емоции што боите ги предизвикуваат, златно жолтата ја претставува среќата.

Богата индиго

Тексасот никогаш нема да излезе од мода, што значи дека индигото (и нијансите на индиго) секогаш ќе бидат тренди. Оваа пролет, носете и темни, и светли нијанси индиго, а најдобриот дел – можете да ги комбинирате меѓусебно.

Разиграна виолетова

Виолетовата има променлив став во модата – честопати е одбегнувана и се смета за непопуларна. Но, виолетовата со сини подтонови изгледа интересно и мистично, па неочекувано, таа станува новата возбудлива боја за оваа пролет.

 
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement