За кралицата на модерните сирени не е доволен само тесен фустан во кој се отцртуваат сите нејзини атрибути – фустанот во кој се појави Бијонсе на доделуванјето на BRIT наградите беше украсена со 400 илјади кристали.
Не ја видовме на црвениот тепих, но нема сомнеж дека би ги засенила сите присутни. Тоа се случи кога се појави на сцената во лондонската арена О2 во која на 19ти Февруари 2014 се одржа доделувањето на BRIT наградите.
Тесниот фустан во кој пеачката се појави на сцената е дело на грчкиот креатор Вретос Вретакос, а нејзината специфичност е во тоа што е украсена со 400 илјади кристали.
Покрај фактот што изгледа како да е насликан на неа, фустанот остава впечаток на врвен гламур, надополнет со ништо помалку од скапоцени прстени.





You must be logged in to post a comment Login