Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

7 модни трикови и тајни на жените со стил

Нема сомнеж дека модните експерти знаат како да се облечат. Не би го добиле епитетот модни икони доколку не е така.Отсекогаш сме се прашувале како модните икони на денешницата секогаш имаат толку беспрекорен стил…па затоа малку истражувавме и откривме 7 тајни и трикови кои тие ги применуваат за совршен стајлинг.

1. Ја планираат комбинацијата еден ден однапред

Покрај тоа што ќе заштедите време при утринските подготовки, на овој начин можете подетално да го испланирате секој детал од вашата модна комбинација и да посветите време на нејзиното стилизирање.

2. Секогаш имаат преубав фустан спремен за секој случај…

Може да се случи планираната комбинација да пропадне во некаква смисла (да се исфлека, искине, изгужва). Затоа, за прва помош секогаш треба да имате едно парче облека (или повеќе) кое ќе ве „спаси“…

3. Водат детална грижа за своите обувки

Ова правило особено се однесува на оние кои сакаат да купуваат скапи обувки. Чевлите се еден од главните аксесоари на сите модни икони. Доколку правилно ги одржувате и чувате ќе ви траат долги години.

4. Ги „рециклираат“ своите омилени модни комбинации

Да се биде модна икона не значи дека постојано треба да носите нови работи. Поентата е да покажете дека имате омилени комбинации, дека се чувствувате удобно и самоуверенот и дека поради тоа со радост ги повторувате.

5. Се облекуваат да импресионираат други жени, а не мажи

Постои поголем број на жени кои се модно освестени во однос на мажи. Кога импресионирате жена тогаш знаете дека сте направиле вистински погодок.

6. Наоѓаат инспирација на интернет 

Да бидеме искрени, на секој му се случува да изгуби инспирација, особено кога станува збор за смислувањето комбинации. Поради тоа, не би било лошо идеите да ги наоѓате на различни сајтови како Pinterest, модните магазини и советите од модните експерти.

 

7. Фризурата како моден детал

Кај модните икони фризурата игра поголема улога од шминката. Тоа е затоа што косата може да послужи и како аксесоар во модната комбинација.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement