Бразилки, танги и гаќички кои стегаат се три модели кои ги исполнуваат барањата под облеката
Покрај естетскиот фактор и пријаноста на носење, главно одбележување на гаќичките е камуфлирање на мааните на телото и најважно е да се насетуваат под облеката. Од најобичните памучни модели, па го скоро невидливите кроеви, моменталниот избор на пазарот е голем, со што и барањето на идеалните е отежнато. Овие три модели на гаќички ги исполнуваат барањата под облеката.
1. Бразилски против перничиња
Класични боксерки, но и таканаречени хипстерки, гаќички со низок струк кои се карактеризираат со комотност и практичност пред се, имаат идеален крој кој лесно се носи под било кој материјал. Нискиот крој кој стигнува до колковитее нивна голема предност бидејќи на телото не се ствараат лажни „перничиња“. При купувањето важно е да се избере оптимална величина, никако премали бидејќи ке се врежат во телото, додека преголемите нема да ја одработат својата основна функција на невидлив дел од облеката. Препорака се гаќичките од микрофибер, без видливи рабови и шевови кои инаку се оцртуваат под облеката.
2. Танга гаќички против двојна задница
Еден од омилените и најпопуларни делови од долна облека се тангата, пред се поради практичната функција. Нивното носење е единствен начин да се избегнат линиите на алиштата на задникот под фустанот и пантолоните, како и несаканиот ефект на двојна задница. Но, премалите танга гаќички или тие со тенок и еластичен раб можат да бидат видливи под тенкиот и проѕирен материјал. Затоа бирајте ги оние со лесно порабување или без него.
3. Гаќички со стегач против опуштен стомак
Веројатно еден од омилените кроеви на долна облека која на голем број на дами им овозможува носење на тесна гардероба се гаќичките со стегач. Високиот крој ја обликува целата силуета, нагласувајќи ја половината, потоа ја намалува и ја зарамнува зоната на стомакот. При избирањето на стегач водете сметка да има неприметни шевови кои нема да се гледаат под облеката, и да ви бидат пријатни за носење.




You must be logged in to post a comment Login