Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

10 најдобри модни совети

Со менување на модните сезони и трендови, секогаш слушате и нови, различни совети, но следниве 10 правила важат веќе со години и се користат во секоја прилика:

1. Купувајте квалитетна облека во неутрални бои. На тој начин ќе ја носите повеќе сезони и ќе може да ја комбинирате во многу прилики.

2. Носете го само она што добро ви стои. Понекогаш е паметно да ги игнорирате трендовите и да се облекувате во алишта во кои се чувствувате удобно.

3.  Намалете го бројот на алишта што ги носите. Кога е во прашање шкафот, не е ниту неопходно, ниту подобро да имате повеќе.

1500

4. Немојте да паднете на трикот „распродажба“. Ако за   некое парче облека не сте подготвени да ја платите   неговата цела цена, во вашата гардероба веројатно нема да вреди ни онолку колку што ве чинело на намалување.

5. Купете нешто што има животински принт. Гепард,   змиска кожа и слични шари секогаш изгледаат шик, ако ги   користите умерено.

6. Инвестирајте во добри модни додатоци.

7. Покажете ги своите најдобри страни, било да е тоа   деколтето, слабите нозе или нешто трето.

8. Додадете малку боја. Иако вашата гардероба ќе се   темели на неутрални бои, потребни ви се и парчиња во   весели нијанси за да го „подкренете“ вашиот изглед.

9. Ако не сте сигурни, средете се. Кога не знаете како   очекуваат да бидете облечени на некој настан, секогаш е   подобро да се појавите цакум-пакум.

10. Направете добри темели. Кога сте задоволни со темелните парчиња облека (фармерките, деловните пантолони, здолништето, капутот, чевлите и сл.), тогаш со леснотија ќе ја комбинирате и преостанатата облека.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement