Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Зошто „лошите“ девојки имаат повеќе среќа во љубовта?

Дали си се запрашала некогаш зошто онаа девојка што секоја ноќ е по клубовите, пие еднакво како и мажите и живее како за последно, на крај испаѓа дека е посреќна од тебе – моралната и примерна девојка?  И знаеш ли дека токму таа, која не престанува да се забавува, лета од врска на врска и не се интересира за туѓото мислење, на крај ќе си најде супер дечко кој ќе ја сака повеќе од се?

И тука треба да дополнам дека не станува збор за празноглава убавица што го смета своето тело како инструмент за финансиска придобивка. Зборувам за оние отворени дами, кои го сакаат животот, живеат под полна пареа и имаат доволно мозок во главата за да не се продаваат како евтина стока на богати чичковци!

Точно тие „лоши“ девојки се најсреќни во љубовта! Зошто е така? Причините се многу. Тие комуницираат со доволно мажи во својот живот за да ја стекнат способноста да препознаваат кој треба да има достап во нивниот живот. Освен тоа сосема не е потребно да спијат со секој еден од нив.

За лошите девојки е вашна забавата и уживањето во животот, независноста, тие ретко дозволуваат некој да им се качи на глава или да им наметнува мислење. Умеат одлично да манипулираат, ја ценат својата слобода и независност и грабаат од животот со полни шепи. И така се додека не го сретнат најсоодветниот човек со кој да создадат среќно семејство. Секако важна улога игра и фактот дека си проживеале добро. Така полесно можат да се препуштат на смирено и одговорно секојдневие, без да сожалуваат дека пропуштиле нешто.

Додека пак кај повлечените девојки работите се одвиваат по спротивен начин. Тие ретко превземаат било каква иницијатива, чекаат работите да им се случат сами од себе, чекаат принцот сам да ги најде. Обично се страшно наивни, затоа и редовно претрпуваат разочарување во љубовта. Не се опуштаат лесно, досадни се и прават се „како што треба“. Во сексот исто така се повоздржани, што пак е голем минус во очите на мажите.

Затоа девојки опуштете се! Тоа што сте супер морални, не ве прави добар избор во очите на мажите. А најмногу од се, треба да внимавате – додека си ги трошите деновите повлечено и смирено, животот си тече, а вие сте се така осамени. Од мене да знаете една вистина: Подобро да згрешиш, отколку никогаш да не пробаш!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement