Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Денот на раѓање влијае на вашиот карактер! Проверете:

Знаете ли дека женскиот карактер зависи од денот во кој е родена? Така барем тврдат астролозите! Затоа девојки извадете ги календарите и проверете!

Понеделник

Потомките на Ева родени во понеделник се многу чувствителни и романтични по природа. Освен тоа имаат многу силно развиено шесто сетило, што не им дава да прават погрешни проценки често. Проблемот е во тоа што воопшто не им се допаѓа да бидат сами. Затоа и се склони да влегуваат во безсмислени врски и покрај тоа што го претчувствуваат лошиот крај.

Вторник

Жените родени на овој ден грабаат од животот со полни раце. И дефинитивно знаат како да го направат тоа. Во љубовта секогаш се даваат максимално. За нив идеалната врска е бурна и со многу страст, но штом почувствуваат мал застој, тие бегаат. Мразат монотонија и досада. Тежнеат да бидат независни и не дозволуваат никој да го смени тоа.

Среда

Овие дами се привлечени од удобното, стабилното и комфортот. Во својот живот имаат барем по една долга врска, а ако поради некоја причина таа врска веќе не постои, после тоа долго време остануваат сами. Тие на сакаат да играат на ситно. Секогаш размислуваат неколку пати пред да се одлучат или делуваат. Нивна најдобра особина е тоа што се постојани и стабилни.

Четврток

Нетрпеливост – тоа е зборот што ги опишува најдобро девојките родени во четврток. Тие сакаат штом нешто посакаат, веднаш и да го добијат, без ни малку да чекаат. Се одликуваат со многу бурен карактер и непокорност. Кога нешто не им се допаѓа, не очекувајте од нив да направат компромис. Побрзо би избрале да се свртат и заминат, отколку да си го губат времето.

Петок

Овие дами се апсолутни романтичарки. Тие би избрале да го поминат викендот во домашна атмосфера со филмови и вино, наместо на журка, алкохол и мажи. Ја ценат убавината и вложуваат многу грижи за својот надворешен изглед. Но дури и кога се облечени во трењерки, тие се вистински магнет за спротивниот пол.

Сабота

Жените родени во сабота се исклучително таинствени и мистериозни по природа. Ретко ги покажуваат своите емоции и речиси невозможно е да продреш во нивните мисли. Тоа ги прави и неверојатно добри манипулатори. Дефинитивно знаат како да го добијат и најнедостапниот маж. Често се служат со итрини за да успеат во животот. А нивниот ум…О, тој е остар како скалпел!

Недела

Страсни и емоционални дами кои секогаш го следат гласот на срцето. Тие се непредвидливи и најчесто фатални. Од такви девојки треба да се очекува неочекуваното. Во љубовта не прават никакви компромиси, но истовремено се посветени и сериозни. Само една специјана врста мажи би можеле да укротат една ваква жена.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement