Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Лошите страни доколку сте во врска со богат дечко… Ова никој нема да ви го каже!

Богатите момци се чини дека со себе носат некој посебен шарм и некако секогаш се посакувани меѓу жените кога станува збор за сериозна врска, но и ваквите врски си имаат свои лоши страни.

Многу девојки сметаат дека врската со богат дечко ќе ги реши сите нивни проблеми и дека животот ќе им биде исполнет со скапа гардероба и луксузни патувања. Па и тогаш кога ќе го најдете богатиот дечко од соништата можете да сфатите дека тоа не е баш тоа што сте го посакувале. Дознајте ги лошите страни на богатите дечковци.

1. Секогаш се на работа

Причината од каде толку пари е токму поради тоа бидејќи тој постојано е на работа. Мажите кои имаат големо богатство вообичаено го поминуваат цел ден на работа, освен ако не станува збор за маж кој наследил огромно богатство па не мора да работи. Тоа значи дека многу малку време ќе поминувате заедно, што во ниеден момент нема да ви засмета.

2. Има преголемо его

Парите може да го направат вашиот дечко арогантен. Некогаш баш ќе сакате да си купите парче пица од омилениот киоск, но тој повеќе ќе сака да одите во некој познат италијански ресторан. Ваквите работи знаат да ја оптеретат врската и да направат да се чувствувате непријатно.

3. Секогаш ќе биде забележан

Ако вашиот дечко има многу пари, каде и да се појави, секогаш ќе биде забележан од други жени. Многу од нив ќе се обидат да го завземат вашето место па поради тоа постојано ќе бидете несигурни и ќе стравувате дека може да ве изневери.

4. Ќе ве гледа од висина

Можеби на вашиот вкус и вашите избори ќе гледа од високо. Сте си купиле некоје парче облека од евтиниот бутик, но ќе се чувствувате непријатно да му го покажете зашто фустанчето не е брендирано. Ќе бара од вас да глумите префинетост секогаш и секаде, па дури и кога храната е во прашање. Често ќе го одбива вашето мислење и вашите предлози зашто вие немате вкус за модерни и скапи работи.

5. Секогаш ќе чувствувате како да му должите нешто 

Некаде помеѓу лагодниот живот и скапите поклони, секогаш ќе се чувствувате дека му должите нешто. Не секогаш ќе ви биде драго само тој да плаќа за вашите ручеци и патувања. Не е убаво кога знаете дека во потполност зависите од некого.

6. Богатиот маж може да ја ограничи вашата слобода и избор

Кога некој со потценување гледа на вашиот вкус за најразлични работи, кога вашето мислење не се почитува и кога генерално сте приморани да ги следите неговите инструкции и избори, тогаш почнува да пати вашето его. Може да се почувствувате како птица во затворен кафез, што секако не е убаво чувство.

Да заклучиме, конфорот и лагодниот живот се неоспорна придобивка која ќе ја уживате доколку имате богат маж. Ќе бидете финансиски обезбедени, но ќе ви недостасуваат други работи. Внимавајте да не останете жедна во златниот дворец…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement