Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

5 вистини за врските кои не сакаме да ги признаеме: Некој секогаш сака повеќе!

Врската го обликува секој поединец, а тој не е ни свесен за ова. Партнерите почнуваат се повеќе да си личат, ги менуваат своите навики па дури и ставови. По прекинување на врската неретко стануваат како партнерот со кој прекинале, особено луѓето кои биле во долга врска, тврди американската професорка од Универзитетот Конектикат, Џина Барека.

Во секоја врска постои шеф

Тој ги донесува најважните одлуки, таа постојано котролира, тој е љубоморен… и така до недоглед. Иако во врската моќта треба да биде поделена, често партнерите мислат дека другата половина ги држи сите конци и е всушност шеф во врската, вели The Huffington Post.

Пријателството со бившите ретко функционира

На филмското платно пријателството со бившите изгледа многу едноставно и се повообичаено, а во реалност тоа така ретко функционира. Не е исто да бидете пријател со некој со кого не делите сексуално минато и со некој со кого сте поминале жешки ноќи, а и повеќе од тоа. Постојаното прашување „ што се можело да се случи“, било од ваша страна или од  негова страна, може трајно да го наруши моменталниот однос, да предизвика љубомора па и крај на врската.

Тој ми е само пријател

Етикетирање на некого како „само“ пријател не делува уверливо, тврди професорката Барека. Луѓето своите пријатели никогаш не ги именуваат како „само“ пријатели, што значи дека тоа „само“ по себе повлекува и одредено привлекување.

Некој секогаш сака повеќе

Иако можеби звучи грубо, но во секоја врска постои некој кој сака повеќе, вели Барека. Обичен набљудувач тоа лесно може да го примети, но не и заљубените. Според нив, тоа се менува од ден на ден, но и понатаму е во рамнотежа.

Љубовта се исплати

Љубовта носи многу убавини, но и многу неволји. Сите оние кои барем еднаш искусиле такво нешто велат дека се исплати. Дури и помалку убавите моменти од врската ја прават посебна бидејќи докажуваат дека парот се издигнал над се и е појак од претходно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement