Иако лекарите му кажале дека мора да посети нутриционист и да го смени начинот на исхрана поради која има дијабет, ова момче не планира да се откаже од својата љубов кон пицата
Ден Џенсон (38) е столар од Мериленд, Америка, кој во последниве 25 години од животот не јадел ништо друго освен пица. Многумина се чудат како сѐ уште е жив.
Тој не поднесува зеленчук, па предвид не доаѓаат никакви прилози од таков тип. Единствено што може да толерира како додаток на пицата е оригано. Џенсон не само што не јаде ништо друго освен пица, туку е и многу пребирлив кога се во прашање видовите од овој специјалитет, па ги конзумира единствено оние со кашкавал.
Иако на прв поглед ништо не му фали, физичкиот изглед не е добар показател за неговата здравствена состојба. Тој само досега имал среќа да не се здебели од толкава количина на тесто.
Сепак, неговата дијагноза е уште поопасна бидејќи боледува од дијабет и нивото на шеќер во крвта му опаќа прилично често и брзо, што е причина за несвестиците кои му се случуваат, понекогаш и кога вози.
Иако лекарите му кажале дека мора да разговара со нутриционист и да ја смени исхраната за да не му се влоши неговата состојба дополнително, тој не планира да се откаже од својата љубов кон пицата.
Психијатрите пробале заедно со него да откријат како дошло до оваа заслепеност и откриле неколку ситуации од неговото детство во кои Џенсон бил присилен, и тоа на многу непријатен начин, да јаде храна која што ја одбивал или имал стомачни проблеми како последица на труење, поради што ноќите ги поминувал повраќајќи.
На 15 години одлучил дека повеќе нема да јаде ништо друго освен пица и оттогаш до сега оваа храна му нема здозадено.
„Не сакам да се откажам од својата љубов кон пицата и би сакал некогаш да можам да појдам со својата вереничка во некој добар ресторан, каде готвачите ќе бидат доволно љубезни да ми направат пица, иако таа не е на нивното мени. Сепак, тоа е невозможно“, вели Џенсон.
Тој смета дека неговата исхрана не оптеретува и не доведува до лоши последици, бидејќи иако како што сам кажува и понатаму е слаб, тој е полн со енергија и се чувствува одлично секој ден, па дури е сигурен и дека „има нешто во таа пица диета“.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=xkubq-t0clc



You must be logged in to post a comment Login