Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

ЗАБОРАВЕТЕ НА КОНДОМИТЕ: Пристигнува прстен кој штити од бременост и сида

Патрик Кисер, инженер по биомедицина на Универзитетот Нортвестерн, неодамна измислил мала направа која би можело да донесе големи промени за интимното здравје на жената.

Изгледа дојде до револуција во контрацепцијата, со новата направа која наскоро ќе се најде на пазарот. Се работи за вагинален прстен, чиј изумител е научникот Патрик Кисер, којшто во иднина ќе ја штити жената од несакана бременост, херпес, но и од ХИВ.

 Vaginalni-prsten-2

Прстенот делува така што, откако ќе се намести во вагината, испушта антиретровирален лек, односно тенофовир, како и контрацептивно средство, односно левоноргестрел, кои во рок од 90 дена ја штитат жената од сите несакани ефекти од сексот.

Доктор Кисер заедно со своите соработници, работел 5 години на дизајнирањето на овој прстен, водејќи сметка да биде од соодветни материјали, но и многу сигурен.

 Navike3

Земајќи ја во предвид задачата на прстенот да испушта одредени дози супстанци, кои штитат од бременост и од полово преносливи болести, посебен предизвик на целиот тим претставувал самиот дизајн на производот. На крај проектот резултирал со прстен, широк 5,5 см и кој за време на своето делување испушта околу 10 милиграма тенофовир и 10 микрограма левноргестрел.

Научниците веруваат дека прстенот ќе направи револуција во женскиот контрацептивен свет, посебно во земјите во развој. До тогаш се очекуваат првите впечатоци од дамите ширум светот.

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____баланс новости и трендови

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...