Во детскиот свет, ластикот беше многу популарен. Но, потоа му помина модата. Меѓутоа, тој повторно се врати во мода.
Тоа е добра вест, бидејки прескокнувањето покрај тоа што е забавно, бара многу скокови и прецизност, па е одлично во зајакнувањето на зглобовите и зголемувањето на агилноста. Непишаното правило гласи дека кој е успешен во оваа активност, ја научил техниката на одраз кај било кој спорт. Притоа, децата времето го поминуваат на свеж воздух, што е подобро од седењето пред компјутер. Ластикот е добар и за кондиција, но и за релаксација на умот после напорното учење.
Затоа на сите деца им ја препорачуваме оваа дисциплина. Покажете им како и вие некогаш сте уживале во детството и поради што родителите со часови ве викале да се вратите дома.

You must be logged in to post a comment Login