Многу познати дизајнери велат дека перничињата се како шлаг на тортата и без нив софта или креветот ќе бидат безлични и непотполни. Со помош на нив ќе успеете да го нагласите вашиот мебел.
Перничињата може да бидата во најразлични облици и бои. Тие ја додаваат визуелната привлечност на креветот или вашиот тросет, особено ако се во неутрални бои.
Ако сте одбрале принтови, како што се слики со различни градови, тоа би можело да помогне во создавање на посебна атмосфера.
Доколку, на пример, ставите перниче со принт на Ајфеловата кула на вашиот тросет и додадете неколку парчиња кои се инспирирани од Парис, тоа би било полн погодок.
Со помош на различни примероци и текстури можете да ја менувате внатрешноста и да создавате одредено расположување, а перничињата ви ја нудат помош во тоа.

You must be logged in to post a comment Login