Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Текст кој ќе ви открие: Дали сте заљубени или е само страст?

Дали е љубов или страст? Дали се сакате или се работи за физичка привлечност? Дали заљубеноста може да трае толку долго? Понекогаш не треба да ги слушате работите кои луѓето од страна ви ги кажуваат – како изгледате како пар, дали вие почесто го гледате него или тој вас. Прашањата од типот кој е позаљубен се смешни и оптоварувачки.

Предајте се на она што ви се допаѓа. Не размислувајте многу за тоа, по извесно време сами ќе донесете заклучок што чувствувате.

Не можете да сакате некој по неколку дена познавање. Можеби ќе кажете „те сакам“ во моментот кога тоа ќе го чувствувате, а врската по само неколку дена, може веќе да не постои.

Не контролирајте се. Кажете што мислите, што чувствувате, покажете го тоа и не чекајте другата страна да ви го докаже истото.

Сите прават се според емоциите, а не заради рамнотежа од типот „тој ми го кажа ова, па сега јас ќе му го кажам ова,“ или „вчера таа ми покажа колку ме сака, па сега време е и јас да направам нешто слично…“ Тоа се глупости.

Не се спречувајте да го направите она што го сакате. Токму затоа љубовта е недефинирана, изненадна, необична и не дозволува да биде контролирана.

Кога е присутна можете да правите работи кои инаку не би ги направиле, а и понатаму да бидат симпатични.

Љубовта е добар изговор за сите испади и желби, од скокање во фонтана, до носење букет цвеќе или купување торта во облик на срце. Љубовта, а не нешто друго, ви дава крилја.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement