• Сподели на:

Супер трикови за чување облека

___

Колку пати ви се случило до сега вашите омилени фармерки да ја изгубат бојата и веќе да не ги носите? Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат, без разлика колку банално и да звучат.

 

Платнените патики можете да ги направите водоотпорни – едноставно премачкајте ги со пчелин восок кој потоа ќе го фиксирате со фен за коса.

Ставете хулахопки преку врвот од цревото на правосмукалката полесно за да ги пронајдете ситните изгубени предмети како обетки и сл.

Користете пегла за коса за пеглање на околувратникот на кошулите.

Како набрзина ќе се решите од дамка од дезодоранс, истријте ја со тексас. Прво тестирајте на мал дел за да избегнете евентуално потенцијално пуштање на боја.

Со бело вино можете да ги отстраните дамките од црвено вино.

Како од мајци, кошули или фустани ќе ги тргнете дамките од пот, пред перење во машина истријте ги на местото со сок од лимон.

За чистење на нечистотија од антилоп, земете тврда кора од стар леб и со работ тријте по дамката.

На својата нова мајца ќе и подарите одличен винтиџ изглед така што три дена ќе ја оставите во солена вода.

Отстранете го мирисот од старата облека така што ќе ја исшприцате со микс од една третина вотка и две третини на вода.

Масните дамки на новчаникот или торбата попрскајте ги со дечји пудер и оставете ги така преку ноќ. Дамките ке исчезнат.

Запрете го стварањето на „топченца“ на џемперот така што ќе го ставите во пластична вреќа и ќе го замрзнете најмалку три часа.

За темните фармерки да не изгубат боја, во делот за ставање омекнувач ставете пола чаша бел оцет.

Гребаниците на кожната торба ќе исчезнат откако со сунѓерче на нив ќе нанесете малку хидрантна крема.


Оставете коментар

___