Како да ја спасите блузата која се собрала за време на перењето? Овие трикови ќе ви помогнат…
На секој барем еднаш му се случило после перењето на блуза, панталоните или некое друго парче облека да може да го подари на десет годишно дете, бидејки од машината излегла облека која е неколку броеви помала.
Погледнете кои осум потега треба да ги направите за да го спасите тоа што може да се спаси…
Потребно:
-детски шампон
-млака вода
-два големи пешкири
Постапка:
1.Мијалникот наполнете го со млака вода, па додајте малку детски шампон
2.Во мијалникот ставете ја облеката и малку протрите како ткаенината би се опуштила
3.Извадете ја облеката од водата и ицедете ја, но без плакнење
4.Раширете еден голем пешкир на равна површина и ставете ја облеката на него
5.Потоа замотај те го во ролна, па свиткајте го неколку пати како би се впила непотребната водата од облеката
6. Отворето го пешкирот, раширете друг сув и на него пренесете ја облеката
7. Со помош на рацете нежно раширете ја и изтегнете ја облеката колку е возможно и оставете ја да се исуши
8.Кога е потполно исушена проверете ги резултатите, а ако не сте задоволни од постапката повторете ја неколку пати, односно додека облеката не се растегне до посакуваната големина