Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.
Таа е во сопственост на Венеса Семлер од Дорадо, Порторико. Кога била бебе, млеко пиела од пипета, а кога се родила имала само 28 грама и можела да застане во лажиче.
Сега може да се пофали со тежина од 500 грама и големина на просечен мобилен телефон. Буквално можете да ја држите во чаша.
Стара е 2,5 години и позната е по својот исплезен јазик кога некој ја слика. Сопственичката вели дека со тек на годините научила да позира.
Мили влегла во Гинисовата книга на рекорди со титулата најмало куче на светот по висина. Таа е права ѕвезда, гостувала во скоро сите телевизиски емисии и има своја интернет страна.
За да биде во склад со имиџот на ѕвезда, има и своја линија гардероба. Од секое продадено парче од облеката на Мили, 10% одат во добротворни цели за центрите за згрижување на животни.
Мили е блиска со своите сестри, кои се нормална големина, но повеќе сака друштво на луѓе.
httpv://www.youtube.com/watch?v=X_3LY_l-pck