Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Откријте што „пали“ кај него?

Исто како жените, и мажите си имаат замислено своја идеална жена за која мечтаат и сакаат да го поминат животот со неа.  Не е лесно да се открие што бараат мажите кај една жена. Нормално, како и жените, сите мажи се различни и имаат различни критериуми за тоа каква треба да биде жената со која ќе го поминат својот живот.

Еве неколку стандардни работи кои „палат” кај секој маж:

Реална убавина

90 проценти од мажите велат дека жената треба да биде убава за да им го привлече вниманието. Но, оваа констатација не завршува до тука. Да, жената треба да изгледа пристојно однадвор бидејќи само така мажите ќе се заинтересираат да дознаат што има однатре. Немојте да мислите дека ако ставите еден тон пудра и ги истакнете очите со прејака сенка дека така ќе изгледате попривлечно. Нема ништо поубаво и посекси од природниот изглед.

Интелигнеција

Откако мажот ќе се заинтересира за жената поради нејзиниот надворешен изглед, веднаш потоа следи запознавање на жената однатре. Жена која знае што сака и е интелигентна може многу да добие кај мажите. Но, не сите мажи ги привлекуваат интелигентни жени. Всушност, паметната жена е многу привлечна за мажите. Мажите не бараат само жена со која ќе можат да разговараaт во спалната соба, туку жена со која ќе можат да разговараaт за нешто сериозно и надвор од неа.

Заеднички интереси

Многу важна работа за мажот е жената да има слични интереси како неговите. Таа мора да ги дели интересите со него, инаку, ако не можат да се согласат, тогаш што би правеле заедно. Различните интереси или расчекорот на интересите многу брзо водат кон пропаст на врската.

Страстна љубовница

Еден од најважните фактори на една врска е токму сексот. Мажите во креветот сакаат страсна љубовница на која никогаш не ѝ е доста. Богатиот сексуален живот го прави мажот посреќен, исполнет и задоволен. Тие обожаваат кога жената ќе ја преземе контролата во сексот и кога таа знае што точно нему му е потребно за да биде задоволен.

Искреност

Мажите сакаат кога имаат со кого да ги споделат своите проблеми. Бараат жени кои ќе бидат подготвени да ги ислушаат и да им помогнат макар и со еден обичен разговор. Мора да го ислушате, но тоа да не биде автоматски и безволно, туку со должен интерес. Бидете му пријател и дозволете му да ви ја отвори душата… Оваа е непроценлив влог за една заедничка иднина бидејќи искреноста и отвореноста во една врска се најскапоцениот момент.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement