Ви ги претставуваме 5 те најчести митови во кои сопствениците на кучиња веруваат, но и факти кои сите би требало да ги знаат.
Мит: Кучињата треба да се бањаат неколку пати годишно, бидејќи честото бањање е лошо за нивното крзно и кожата.
Факт: Во прашање е старо тврдење според кое бањањето е лошо за крзното и кожата. Неделното бањање не само што ќе го олесни животот со миленикот (помалку митарење и непријатни миризби), но исто така може да спречи одредени кожни болести. Постојат бројни видови нежни шампони за кучиња, така што најдобро е да се побара совет од вашиот ветеринар.
Мит: Кучињата со пократко крзно помалку се митарат
Факт: Всушност, кучињата со подолго крзно помалку се митарат затоа што генетиката бара да го задржуваат нивното крзно подолго. Практичен начин да имате куче кое помалку се митари е да земете мало куче со долго крзно.
Мит: Кучињата треба да се вакцинираат секоја година
Факт: Вакцините се прилагодени на потребите на секое куче поединечно и содржат поинакви вакцини за одредени болести, така што може да се даваат на секои три години, а тука се и некои опционални вакцини за болести на кои кучињата можеби изложени или имаат поголем ризик за нивно добивање.
Мит: Анестезијата е опасна за постарите кучиња
Факт: Сопствениците на кучиња не би требало премногу да се загрижуваат доколку нивното постаро куче прими анестезија. Ветеринарната медицина е во тек кога се работи за безбедноста, така што ризикот за милениците е значително намален. Доколку вашето куче пати од одредена состојба која може да се поправи но бара анестезија, советувајте се со ветеринар во врска со постапката.
Мит: Контролирањето на болката не е важно за милениците, дури може и да биде лошо доколку се опоравува од операција
Факт: Лекарствата за намалување на болка би требало да им се даваат на кучињата порано, во тек и после секоја процедура, за да му се олесни болката и да му помогне во опоравувањето. За кучињата со хронични состојби, како артритис, постојат лекарста за ублажување на болка, а може да се користи и дополнителна медицина во вид на акупунктура за побрзо да се вратат во нормална состојба.



You must be logged in to post a comment Login