Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Најдобриот спорт за вашето куче: Агилити во светот трчаат милиони кучиња, зошто не и вашето милениче!

Агилити е добитна комбинација на точност и брзина, но пред се поради тоа што е тимска работа! Ако имате посебна врска со вашето куче, тогаш имате се што е потребно за да се забавувате со агилити. На вашиот љубимец ќе му пружите неизмерно задоволство на физичка и ментална акција, а на вас ќе ви овозможи да поминете квалитетно време, физички да се освежите, емотивно да се растеретите и да се дружите.

1

Од 1070 год овој спорт значајно се има проширено меѓу сопствениците на кучиња пред се затоа што е тесно поврзан за одредени врсти на кучиња, а можат да се такмичат и мешани кучиња. Исто така, сопствениците, без разлика на годините можат да уживаат во оваа активност. Денес само Агилити здружението САД – USDAA има регистрирани 25.000 такмичари. Агилити (мак. Агилност) способност за брзо и лесно движење со чести и прецизни промени на правецот. Во светот на кучињата тоа е кинолошко-спортска дисциплина во која кучето со помош на својот водич совладува одредена патека која се состои од висински и далечински препреки, тунели, слалом и препреки со контактни ѕвона. Целта е да се помине патеката, која ја одредува судијата, према зададен редослед и време без грешка. Најважно е кучето сето тоа да го прави под наредба, бидејќи во текот на преминувањето на препреките не смее да постои контакт меѓу водичот и кучето, затоа учењето се спроведува со храна или во играчка како мотивација.

Агилити е нешто најзабавно што можете да го правите со вашето куче! Тоа е добитна комбинација на точност и брзина, но пред се поради тоа што е тимска работа! Ако имате посебна врска со вашето куче, тогаш имате се што е потребно за да се забавувате со агилити. Агилити на вашиот љубимец ќе му пружите неизмерно задоволство на физичка и ментална акција, а на вас ќе ви овозможи да поминете квалитетно време, физички да се освежите, емотивно да се растеретите и да се дружите.

Иако ги опфаќа сите возрасти и раси, младите кучиња до 12 месеци постепено ги учат основите. Во таа возраст можат да се вежбаат поминувањата низ тунели и некои полесни препреки. Скоковите не се изведуваат пред 12 месеци старост. На европските такмичења можат да учествуваат мештаните, но не и на светско. Постојат повеќе категории, во однос на висина на кучето: S (small – до 35 см во гребенот), M (medium 35-43 см) и L (large – повеќе од 43 см).

За сите заинтересирани постојат три нивоа: А1 (почетен стадиум), А2 и А3. За да кучето помине од А1 во А2 мора да има три трки без казнени поени во стандардно време, но кај два различни судии. За највисоката категорија е потребно да се имаа чиста трка без казнени поени и да се има освоено едно од првите три места на званични такмичења.

За сите заинтересирани, 8 Март се одржува утакмица агилити на зимска лига во Белград, во спортскиот центар на вода, Колос.

За крај погледнете и како изгледа една агилити трка:

httpv://www.youtube.com/watch?v=cHZpx8YwWCQ

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement