Британските научници тврдат дека јајцето на чинијата, го открива потеклото, статусот и сексуалните навики на поединецот.
Дури и вашите кулинарски навики откриваат делови од вашата личност. Британските научници тврдат дека приготвеното јајце на тањирот го открива потеклото, статусот и сексуалните навики на поединецот. Истражувањето е спроведено на 1.200 луѓе и ги даде следните резултати.
Пржени јајца
Оние кои претпочитаат за појадок пржени јајца обично се луѓе со голем сексуален апетит.
Варени јајца
Вареното јајце е чест избор на луѓе кои лошо го организираат своето време и обврските. Често се работи за импулсивни луѓе кои се егоцентрични и не се грижат премногу за потребите на другите луѓе, заради што често се разведени. Оние кои претпочитаат тврдо варени јајца најчесто се досадни, исто како јајцето во чинијата.
Омлет со различни додатоци
Луѓе кои сакаат омлет со различни додатоци најчесто се карактеризираат со само-дисциплина и воздржаност. Тие се држат до принципот на “златна средина”, и обично се многу прецизни и педантни.
Поширани јајца
Модерните луѓе кои се грижат за своето здравје и ги следат кулинарските трендови обично се одлучуваат за ваквиот тип на подготовка на јајцето. Луѓето кои сакаат вакви подготвени јајца често се посреќни и поздрави од другите. Ова е најчест избор на жените од горната средна класа или од истакнати семејства.
Јајце на око
Јајцето на око е најчестиот избор за луѓе со добар сексуален апетит. Тоа се смирени луѓе кои се скромни и доаѓаат од работничката класа, а кога ќе се заситат од јајцето на око, ќе подготват кајгана.