Срамежливите луѓе се повеќе сигурни и повеќе великодушни од оние кои ретко или никогаш не црвенеат. Истото истражување покажа дека срамежливите во поголем број се склони на моногамија.
Лесно поцрвенувате? Можеби тоа помалку ќе ви смета ако ви кажеме дека , според една студија спроведена на Универзитетот во Беркли, срамежливите личности се посигурни и повеќе великодушни од оние кои ретко или никогаш не црвенеат. Истата студија покажа дека срамежливите во поголем број се посклони на моногамија. Ова откритие научниците сметаат дека е корисна информација за оние кои бараат деловни соработници, но исто така и љубовни партнери. Во секој случај, очигледно е дека умерената срамежливост се регистрира како повеќе од една доблест, па затоа луѓето кои лесно црвенеат конечно можат да се опуштат и да престанат да го спуштаат погледот и главата секогаш кога ќе им се поцрвенат образите.

You must be logged in to post a comment Login