Разбирањето на боите и симболизмотр на културите е есенцијално за секого кој е во било каков бизнис со други земји и општества. Овие асоцијативности со боите се дел од многу друштва со векови и треба да бидете свесни за позитивните и негативните импликации кога употребувате одредени бои кога соработувате со овие друштва.
Со развојот на светската мрежа, се намалија разликите во значењата на боите помеѓу различни култури и земји; сепак, ако рекламирате одредена етничка група паметно е да ги земете во предвид нивните асоцијативни бои за да го зголемите вашето влијание. Со мешање на соодветни бои сепак често можете да ги неутрализирате наследените негативни културни конотации.
Она што следува е листа на некои симболични значенија на боите во некои земји. Листата не е целосна и потполна. За земјите со кои соработувате ви предлагаме да си направите сопствени мали истражувања.
Културно значење на црвената боја
Запад:
- енергија, возбуда, акција
- опасност
- љубов, страст
- предупредувачки застани
- Божиќ во комбинација со зелено
- Денот на вљубените
Исток:
- просперитет
- добра среќа
- ја носат младенките
- симбол на радост кога се комбинира со бела
Кина:
- боја на добра среќа и прослава
- виталност, радост, долг живот
- се употребува како боја во венчавање
- се употребува во церемонии оф погреби до венчавки
- се користи за моменти на славење
- традиционално се носи на Кинеска Нова година за да донесе среќа и просперитет

Индија:
- боја на чистина, плодност, љубов, убавина
- богатство и моќ
- се користи во венчални церемонии
- знак на мажена жена
- исто така боја на страв и оган

Тајланд:
- боја за Недела
Јапонија:
- живот
- гнев и опасност
Чероки:
- успех, триумф
Јужна Африка:
- боја на ожалостеност
Нигерија:
- вообичаено е предодредена за церемонии
- се носи од страна на шефови
Русија:
- се поврзува со Болшевиците и Комунизмот
- значи убава на руски јазик
- често се употребува во венчалните церемонијали
Австралиски Абориџини:
- ја претставува земјата и планетата Земјата
Евреи:
- жртва, грев
Христијанство:



You must be logged in to post a comment Login