Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Креативни начини за да го користите вашиот мобилен телефон

Верувале или не, камерата на мобилниот телефон може да се користи за уште нешто, освен за фотографирање на “селфи”. Еве неколку креативни начини на кои може да го искористите вашиот мобилен.

1. Фотографирајте го вашиот фрижидер пред да одите во продавница за да знаете што треба да купите, а да имате во предвид што веќе имате дома.

2. Фотографирајте документ со вашите лични податоци кога патувате некаде и фотографијата чувајте ја во телефонот. Ова е корисно во случај да го изгубите телефонот и да го пронајде личност која ќе ви го врати назад.

3. Фотографирајте ја околината на вашиот хотел или само хотелот. Доколку се изгубите, покажете им ја фотографијата на луѓето и големи се шансите да ви го покажат патот. Ако не минувачите, тогаш ова сигурно би го знаеле таксистите.

4. Доколку има голема гужва во трговскиот центар, фотографирајте го делот каде сте го паркирале автомобилот за да запомнете каде сте го паркирале.

5. Фотографирајте ги работите кои често ги губите. Кога сте со пријателите, и ги оставите клучевите некаде, сликајте ги веднаш и повеќе нема да треба да размислувате за нив. Според фотографијата ќе препознаете каде сте ги оставиле.

6. Фотографирајте мапа за да стигнете до некое место или улица. Тоа ќе ви помогне да се снајдете доколку останете без интернет.

7. Кога се селите фотографирајте ја содржината на секоја кутија, за потоа лесно да се снајдете кога нешто ќе ви затреба.

8. Фотографирајте ја вашата фризура од повеќе агли за да му покажете на фризерот како да ве шиша следниот пат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement