Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Колку бакшиш треба да се остават во Рим, Париз или Истанбул?

Прочитајте какви се „правилата“ за оставање на бакшиш во некои од светските метрополи
sl1
Кога некаде во странство ќе седнете во кафич или ресторан, веројатно ќе се најдете во дилема дали и колку бакшиш треба да оставите. Прочитајте какви се „правилата“ за оставање на бакшиш во некои од светските метрополи.
Лондон
Ако го наполнивте стомакот во некој лондонски ресторан, треба да оставите бакшиш во висина од 10 до 15% од вкупниата сметка која сте ја добиле. Сепак, пред да оставите пари, внимателно проверете ја својата сметка бидејќи некои ресторани и кафичи автоматски додаваат 12,5% на сметката. Значи, самите ќе ви го прерачуваат бакшишот. Што се однесува до рестораните за брза храна или оние каде нарачувате нешто „за носење“, како и пабовите, не е вообичаено да се остава бакшиш. Бонтонот налага и дека и на таксистите треба да им се остава бакшиш од 10 до 15% од цената на возењето.
Барселона
Откако сте уживале во ресторан во Барселона дегустирајќи некои од нивните национални јадења, треба на целата сметка да додадете од 7 до 13% како бакшиш. Меѓутоа, доколку не сте задоволни со услугата, храната или пијалокот, чувствувајте се слободни да им го скратите бакшишот и на тој начин да го изразите своето незадоволство. Давањето бакшиш во Шпанија се смета како награда за добрата услуга, а не како обврска. Од друга страна, кога станува збор за такси превоз, вообичаено е да се остават 50 центи бакшиш, без разлика на должината на патот кој сте го поминале.
sl2
Париз
Седите во париски кафич, уживате додека пиете вино и гледате во реката Сена, но кога ќе добиете сметка, веќе не сте така задоволни. Зачудените лица на туристите кога ја добиваат сметката во париските кафичи се вообичаени, но ова се „правилата“. Во сметката вообичаено е вклучен 15% бакшиш, а во некои ресторани бакшишот е вклучен во цената која ја гледате во менито. Секако никој од вработените сигурно не би се жалел ако има додатно уште некое евро. Бакшишот на таксистите воглавно се дава во износ меѓу 5 и 10% од вкупниот износ.
Сиднеј
Ако патувате во Сиднеј, едноставно во главата треба да го меморирате бројот десет. Без разлика на тоа дали сте во такси или вечерате во ресторан, вообичаениот бакшиш е 10% од вкупната сметка.
Прага
Ако сте одлучиле да уживате во говетски гулаш или некој друг специјалитет во Прага, ќе ви користи да знаете дека бакшишот најчесто е вклучен во цената. Доколку не е, бакшишот кој се дава воглавно изнесува 10% од сметката, а на такси возачите им се дава околу 70 центи.
Рим
За давање бакшиш во Рим не постојат никакви „правила“ или вообичаености, поради што туристите понекогаш се наоѓаат во непријатна ситуација. Сепак, за да ви биде полесно, водете се по тоа дека сосема е во ред да оставите бакшиш  од 10% од вкупната сметка, но никако повеќе од тоа. Исто така, ако го видите зборот „servizio incluso“, имајте на ум дека бакшишот е вклучен во цената. Што се однесува на таксистите, доволно е да ја „заокружите“ сметката.
sl3
Рио де Жанеиро
Можеби прославата на карневалот во Рио де Жанеиро е се освен дискретна, но во пракса е таквото давање на бакшиш. Значи, немора да оставате никаков додатен бакшиш, бидејќи бакшишот од 10% најчесто е вклучен во цената. Вообичаено е на возачите на таксијата да им се остави бакшиш, така што ќе ја „заокружите“ цената.
Банкок
Кога уживате во Банкок во рестораните или кафичите, немора да се оптеретувате со давање на бакшиш, бидејќи тоа овде не е вообичаена пракса. Секако, доколку сакате да оставите некоја пара повеќе, можете.
Истанбул
Кога сте во некој ресторан во Истанбул, треба да се платите во лири, никако во евра. Воглавно, адекватно е да оставите бакшиш во износ од 5 до 10% од вкупната сметка. Кога се зборува за такси возачите, воглавно во сметката додајте уште некоја лира повеќе.
sl4
Кејптаун
Генерално гледано, во цела Африка великодушноста навистина се цени. Во Кејптаун, на пример, вообичаено е да се остават додатни 10 до 15% на сметката, а понекогаш врачунат е и во самата цена. Вообичаен бакшиш на такси возачите е околу 10% од износот на сметката. Кога патувате од аеродром во Кејптаун, веројатно ќе ве „нападнат“ луѓе нудејќи се да ви ги носат  торбите. Доколку се согласите на оваа услуга, бакшишот вообичаено е меѓу 1,5 и 2 евра.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement