Која жена не би сакала да дознае за особеностите и предностите на мажот го кој го сака? Девојките во врска исто така не треба да отфрлат некои од овие вредни информации за природата на дечкото, зошто понекогаш токму таа може да даде одговор на многу прашања кои ви се вртат во главата. Па, денес ќе ви дадеме токму такви информации за вашиот маж. Она што треба да дознаете, е само едно – во кој ден од неделата е роден.
Понеделник
Романтичен, чувствителен, отворен кон светот, но и малку нестабилен. Ове мажи носат големи срца, но и слаба воља. Секогаш се пријателски расположени, дејствуваат внимателно и дипломатски. Имаат потреба од сигурност во чувставата на партнерката, затоа понекогаш стануваат болно љубоморни. Има, меѓутоа, и еден многу интересен факт – иако силно потпаѓаат под туѓото мислење, во никој случај нема да можете да ги натерате да направат нешто што не сакаат! Затоа прво треба да ги убедите со зборови,што, како што видовте – нема да биде тешко.
Вторник
Мажите родени во вторник се проклето храбри, своеволни, желни за авантури и борби. Нив и да сакате , не можете да ги скротите. Тие само се водат од импулсот во моментот и тоа е тоа! Понекогаш ќе ве навредуваат без причина, понекогаш ќе ве натераат да се чувствувате како специјална жена. Општо, со таков маж ве чекаат многу емоции и ако не сте спремни да ги доживеете, не се лепете за нив.
Среда
Овие мажи се супер комуникативни, љубопитни и често имаат богата листа на врски со луѓе на важни позиции. Поседуваат и инзвонреден талент за бизнис. Сето тоа обично им носи социјална и финансиска стабилност. Иако се вистински волшебници, нивното срце не се заработува лесно! Ќе треба многу да се потрудите да го задржите нивното внимание и постојано да бидете на нивно интелектуално ниво. Но, доколку ги спечалите довербата и почитта, се ќе оди многу лесно.
Четврток
Ако имате маж, роден во четврток, сигурно веќе сте ги забележале неговите склоности да командува. Ако не сте, бидете сигурни дека тоа ќе се случи. Бидејќи овие мажи сакаат да ја држат власта во свои раце. И нема ништо лошо во тоа почесто да им ја давате. Тие се одлични организатори и лидери, а целта не им е лична корист, туку доброто на луѓето. За жал, овие нивни вештини носат големи дивиденди во домот, но не и во работата.
Петок
Ако еден маж е роден во петок, тогаш задолжително ќе се одликува со голема радост, чувство за естетика, пријатно чувство за хумор и огромна позитивна енергија. Може да направи жена вистински среќна, но често ќе превзема ризици зад нејзиниот грб. Ќе губи пари, а може и да ја изневери, без тоа никогаш да го дознае. Но, пак, ако таа успее сосема малку да го одврати од оваа насока, ќе има маж од соништата.
Сабота
Саботните мажи се малку резервирани, малку мрачни, не комуницираат со кого и да е. Понекогаш ќе ви се чини дека живеат во свој свет, за кој вие не сте достојни. Само има нешто што не знаете – зад оваа студена маска стои многу чувствителен и осамен човек. Покажете му дека може да се потпре на вас и тој ќе ви се открие. Другото, што е важно за нив, е дека тие никогаш не ги прекршуваат правилата.
Недела
Овие фраери никогаш не остануваат незабележани! Тие се многу активни и со една посебна енергија, која ве привлекува неодоливо. Ако сте со такаов човек, не се обидувајте да му ставите ограничувања, бидејќи тој е роден за големи дела! Освен тоа, тој е дарежлив, одговорен и искрен. Сето ова е огромен плус, поради кој можете да му простите дека често се обидува да врши контрола над вас. Не му се лутете, тоа е дел од неговата суштина.

You must be logged in to post a comment Login