Ако чистењето на рерната ви представува ноќен кошмар, било тоа поради јаките хемикалии или поради тврдокорните нечистотии, пробајте со ова едноставно и природно решение.
За чистење на рерната ви се потребни јаки хемикалии со непријатен мирис. Прочитајте како да направите ефикасно природно средство за чистење.
Спремете: сода бикарбона, вода, гумени ракавици, крпа, шишенце со спреј, алкохолен оцет.
Најпрво од рерната извадете ги сите решетки. Потоа направете ја пастата, така што што во садот ќе ставите пола шоља сода бикарбона со 3 лажици вода. Ставете гумени ракавици и со пастата рамномерно истријте ја рерната, но не по греачите. Оставете ја нанесената сода бикарбона да преноќи.
По 12 саати, со крпа избришете ја засушената сода. Во боцата со распрскувач, ставете алкохолен оцет и попрскајте ја рерната. Кога ќе се соедини со преостанатата сода, оцетот ќе направи пена. Со крпа тргнете ја пената и поновете ја постапката се додека има остатоци од сода бикарбона во рерната. Ставете вода или оцет на крпата и тријте додека рерната не засветка.