Денес младите сè повеќе комуницираат ппреку нивните т.н. “паметни” телефони. Впрочем, кој би сакал да пропушти нешто важно, или пак, барем за момент да биде отсечен од остатокот од светот.
Подземна метро станица во еден голем германски град, 8.30ч. наутро – Многу млади патници изгледаат отсутно и се чини дека воопшто не ја перцепираат околината. Со лесно наведнати глави, безизразни лица и очи фиксирани за нивните паметни телефони. Само некој повремен пар на очи не гледа во екранот. За многу млади луѓе, смартфоните станаа толку важни, што едноставно не можат да го замислат нивниот живот без тој минијатурен компјутер.Благодарејќи на бројните функции, често го опишуваат како “швајцарски џебен часовник”. Со текот навремето, стана интегрален дел од секојдневието на младите. Тоа се однесува и на студентите Џутит (18) и Карла (20) од Бон. На прашањето од што најтешко би се одрекле во животот, и двајцата спонтано одговорија – смартфонот!
Мобилниот им е поважен од сексот
Институтот за истражување на јавното мислење Форс, во март 2012, помеѓу младите на возраст меѓу 14 и 19 години, спроведе истражување за нивното користење на мобилни телефони. Резултатот јасно покажува дека четири од пет млади признава дека попрво би се откажале од алкохолот отколку од мобилниот. Освен тоа, според Дојче Веле, две третини од испитаниците изјавиле дека би можеле полесно да се снајдат без телевизор, отколку без мобилен телефон. Уште поголемо изненадување предизвика следниот резултат: 60 отсто од испитаниците признаа дека мобилниот е многу поважен за нив од сексот.
Зошто на младите им е тешко одвојувањето од телефоните? Ханс-Бернд Бросиус, професор за комуникација на Универзитетот во Минхен, причина за тоа гледаат во големата мобилност на младите. “Возрасните имаат работно место на кое седејќи поминуваат осум часа дневно, како и во работните соби во домот. Воглавно се физички поврзани со одредена работна маса”. Од тие позиции по правило можат да пристапат на Интернет и да користат онлајн услуги. Младите пак, мора да имаат можност сето тоа да го прават во движење.
Три и половина часа дневно
Возрасните на возраст помеѓу 18 и 25 години користат смартфони во просек три и половина часа во текот на денот. Овој резултат произлезе од една студија која за списанието Фокус во септември 2013. ја направи агенцијата Мајндшер Маркетинг. Меѓутоа, притоа повеќе од еден час дневно припаѓа на чет апликации, како што е WhatsApp. На второ место, со 44 минути дневно, се наоѓаат друштвените мрежи, како Facebook. Класичните функции на мобилните, телефонирање и пишување СМС пораки, сега имаат сосема споредна улога: на нив во просек припаѓаат само 13 минути дневно. “Младите ги користат смартфоните за повеќе цели од возрасните”, вели професорот Бросиус. “А за секоја нова намена, тие стануваат сè помалку заменливи”.
Што кога нема мрежа?
Дали овој тренд е опасен? Американската психотерапевтка Лиса Мерло загрижено забележува дека некои корисници на паметни телефони, често се толку фокусирани на својот уред, што речиси и не ја приметуваат својата непосредна околина. Со растечкиот број на функции доаѓа и “оопасност од претерано фокусирање”, вели Лиса Мерло во една од нејзините статии. Стравот од прекин на мрежа, страв од празна батерија или пак страв од заборавање на мовилниот дури доби и име – “номофобија”, а доаѓа од изразот “no mobile phone phobia”.
Според една британска студија, речиси две третини од населението пати од номофобија. Студентот по право од Бон, Филип (22) стравува дека може да пропуши нешто додека не е онлајн. Поради чет апликациите како WhatsApp, тешко би се одрекол од својот мобилен телефон.
Но, културниот песимизам поради растот на употреба на паметни телефони, комуникологот Бросиус го смета за несоодветен. Според неговите зборови, за возрасните се карактеристични и други облици на комуницирање, додека младите пораснаа со комуникација преку мобилните телефони, па затоа за него трендот за почеста употреба на овие уреди е сосем нормален.




You must be logged in to post a comment Login