Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Девојки – откријте кој хороскопски знак е вашата сродна душа!

Откријте дали повеќе ве привлекуваат машки во знакот на Бик или Лав, како и кој од нив ќе направи вашето срце да заигра.

ОВЕН – За тебе е љубов, страст и возбуда. Сакаш флерт и речиси секогаш ги освојуваш машките што ќе ги посакаш бидејќи е невозможно да одолеат на твојот шарм. Тој навистина е магепсан од твојата желба да го имаш и со сето она што си подготвена да го направиш за да му ја докажеш својата љубов.

Твоја сродна душа: Ловци како што се Стрелец и Лав, се најдобра плен.

БИК – Моќниот Бик е еден од најромантичните знакови во Зодијакот. Ти сонуваш за совршен принц кој ќе те држи за рака и ќе ти дава мали ситни подароци. За возврат ќе ти биде задоволство да го разгалиш. Ти не играш игри, ниту пак сакаш машки кои играат игри. Трпението и одлучноста ти дозволуваат да го чекаш совршениот дечко отколку да го трошиш своето време на обична врска.

Твоја сродна душа: Рибите ќе ја разбудат твојата чувствителна страна, но јаката Шкорпија ќе направи срцето да ти заигра.

БЛИЗНАЦИ –  Ти си мајстор во флертот, и каде и да се појавиш оставаш еден куп скршени машки срца. Ти не сакаш никого да повредиш, но машките едноставно се вљубуваат во начинот на кој се смееш или ја префрлаш косата. Ти уживаш во овие игри се додека не го пронајдеш вистинскиот дечко покрај кој ќе сакаш да се смириш.

Твоја сродна душа: Тебе те привлекува самостојната Водолија, но идеален знак за тебе е Стрелецот бидејќи го сака твојот авантуристички дух и мајстор е во флертувањето, баш како и ти!

РАК – Иако твојот знак има клешти, ти си чувствителна љубовна птица. Тебе е потребен дечко кој сака да се гали исто како и ти, но во истовреме ги почитува твоите старомодни стандарни. Важно ти е да им се допадне на твоите родители бидејќи за тебе семејството е најважно. Твојот идеален состанок со дечко е кога ќе останете дома и ќе уживате гледајќи филмови.

Твоја сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина додека е во твое присуство.

ЛАВ – Кралицата Лав сака да биде главна во друштвото. Мажите помалку се плашат поради твојата самодоверба и независност додека да те запознаат. Иако, моќната кралица на џунглата може да стане преплашено маче кога некој ќе и го скрши срцето. Длабоко во душа, ти си мачка која сака само еден маж да го нарече свој. Многу си посветена и тоа го бараш и од својот дечко.

Твоја сродна душа: Близнаците и Стрелеците ти нудат возбудување, но покрај Ракот ќе се чувствуваш сигурно и сакано.

ДЕВИЦА – Срамежливата Девица не е од оние кои се бакнуваат, а после зборат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу тебе и твојот дневник. Твојот љубовен стил е да го оставиш да се прашува отколку да го направиш првиот чекор или да се фрли на својот дечко. Ти не знаеш да бидеш мистериозна. Во суштина, ти си навистина отворена и искрена штом одлучиш да дозволиш некој дечко да ти се приближи. Меѓутоа пред тоа да се случи, тој мора да те импресионира со својот ум.

Твоја сродна душа: Ти го почитуваш сензибилниот Јарец.

ВАГА – Твојата волшебна моќ ти дозволува да го привлечеш баш тој дечко кој ќе го посакаш, а потоа му фрлаш магија која му прави безнадежно да се вљуби во тебе. Ова не значи дека ти не си прибирлива. Твојот дечко мора да изгледа одлчно и да се облекува трендовски, баш како и ти.

Твоја сродна душа: Не можеш да го игнорираш начинот на кој влегува Овенот, но он не е вистинскиот за тебе. Ракот е тој што ќе те обожава како никој друг.

ШКОРПИЈА – Шкорпијата не се плаши да се бори за љубовта. Штом ќе приметиш дечко, ти инстинктивно знаеш што ќе направиш и кажеш за да те посака. Ти си толку заводлива што тој ќе помисли дека тој всушност трча по тебе, а ти конците ги држиш цело време во твој раце. Емоциите ги држиш заклучени додека не станеш целосно сигурна дека можеш да му веруваш. Кога ќе се случи тоа, знај дека он никогаш нема да најде поинтензивна љубов од твојата.

Твоја сродна душа: Паѓаш на Риби и Рак.

СТРЕЛЕЦ – Кога е во прашање љубов, ти си опуштена. Машките паѓаат на тебе бидејќи не ги замараш и не правиш драма без потреба. Ти сакаш машки кои обожаваат добар провод, кои имаат спонтан и авантуристички дух. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што ти работите ги гледаш такви какви што се. Длабоко во своето срце посакуваш патувања, па често те привлекуваат машки со егзотичен изглед.

Твоја сродна душа: Најдобро ти оди дружењето со машки кои имаат слободен дух како што се Водолијата и Близнаците.

ЈАРЕЦ – За тебе љубовта е сериозна работа. Нема шанса да го донесеш своето срце во опасност, освен ако не си сигурна дека ќе ти бидат возвратени чувствата. Ти сакаш да ја испитуваш околината, а потоа полека да влезеш во врската. Во твојата романса, пријателите играат голема улога и често наоѓаат важни информации!

Твоја сродна душа: Бикот и Девицата најдобро те разбираат.

ВОДОЛИЈА – Ти си независна. Најголема грешка која некој дечко може да ја направи е да ја загрози твојата слобода. Ти не сакаш љубовта да управува со цел твој живот. Петок навечер сакаш да се видиш со него, меѓутоа сабота да излезеш со твоите пријателки. Доколку тоа не му одговара, тогаш го отпушташ. Исто така, потребно е да има доволно самопочитување со цел да разбере дека твоето срце е доволно големо да ги сака сите.

Твоја сродна душа: Дечко роден во знакот на Девица е добар за тебе бидјеќи он ја сака својата слобода.

РИБИ – Астролошка богиња како што си ти е најсреќна кога е вљубена, но вистински вљубена. Ти си романтична која навистина верува во постоењето на сродна душа. Всушност, ти си подготвена да го превртиш небото и земјата за да ја пронајдеш својата. Кога ќе го пронајдеш својот дечко, ќе бидеш спремна да направиш се за него, но понекогаш правиш грешка кога неговите потреби и ставаш пред своите.

Твоја сродна душа: Ракот се сочувствува со твојата болка, ја дели твојата радост подобро него кој било друг знак.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement