Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Дали тој ги забележува вашите телесни недостатоци

Кога еден маж е со една жена, привлечен е од нејзините телесни атрибути, не обрнувајќи внимание на нејзините недостатоци.

Доколку еден маж ве заведува, ве кани на вечера и е исклучително романтичен, верувајте дека тој не ги ни забележува недостатоците кои сметате дека нема шанси да не ги забележи било кој. Одговорот лежи во тоа што во тој случај, во неговиот организам се лачат повеќе хормони, меѓу кои и допамин, кој влијае на неговата перцепција за жената која му се допаѓа, сметаат авторите на книгата “Зошто мажите сакаат секс, а жените љубов“.

Кога станува збор за жените, мажите се мошне едноставни суштества. Ним не им влијае премногу големината или обликот на женското тело, туку несигурноста која таа жена ја има во однос на своето тело.

Едно австралиско истражување кое е спроведено во 2008 година врз жени на возраст од 13 до 28 години покажало дека дури 86% биле незадоволни од својот изглед и тоа до тој степен што би размислиле и да направат некоја естетска корекција.

Познати ли ви се изреките: “ Леле колку ми се дебели колковите! Градите ми се премали! Имам стрии! Не ми се допаѓа моето тело! Како ќе одам на плажа со овој целулит?“

Сигурно ви се познати и не постои жена која не ги изговорила барем сто пати во својот живот! Но внимавајте- за тоа не зборувајте пред партнерот. Штом е со вас, тој нема проблем со тоа, а верувајте, мажите не се заморуваат премногу со целулит и стрии- нормално, се додека вие не му посочите каде да гледа и да бара недостатоци. А бидете реална пред самата себе: и тој не е совршен, нели? Па не ви зборува секој ден за тоа.

Денешните мажи се уморни од слушање на такви “глупости“ и едноставно не им е гајле за тоа. Кога ќе се возбуди, тој не ги гледа ниту стриите, ниту целулитот, а и да ги види, не троши ни секунда од своето време да размислува за нив.

Верувајте, ова важи буквално за сите мажи! Е сега…ако вие му ги откриете сите свои недостатоци и секојдневно го заморувате со нив, многу нормално дека и нему ќе почнат да му пречат и со текот на времето ќе му станете непривлечна и досадна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement