Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Четири добри причини да не купувате стан

Што е подобро: Да живеете во изнајмен стан или да се задолжите и вдомите, односно како што се вели, “да бидете свој на свое”, иако подобро да кажеме “да бидете свој на банката”? И едното и другото има свои предности и мани, а ние ви носиме еден поглед на новинарка која е многу среќна што нема свој стан.
Во Западна Европа, пазарот за изнајмување и домување е многу подобро регулиран отколку во Хрватска, но полека работите се менуваат. Кризата на која не и се гледа крајот и масовната невработеност го уништи пазарот на недвижности. Иако многу луѓе сонуваат да купат стан, изнајмувањето има свои предности. На пример, новинарката на британскиот Гардијан, Лаура Кеј е многу задоволна што е дел од “генерацијата потстанар”, како што таа се нарекува. Со својата девојка живе во мал стан во Шефилд во Велика Британија и се надева дека еден ден ќе изнајмува  поголем стан, но на купување не ни помислува.
Страв од поправки
Изнајмувањето станови има свои предности, вели таа, а една е што не живее во срав дека нешто ќе се расипе. Во нејзиното искуство со изнајмување, повеќе пати и се случило да и се расипе бојлер, машина за перење, печка… Покрај тоа што сфатила дека препаратите за домакинство не ја сакаат, сфатила и дека нивните поправки се скапи и дека со својата плата не би можела да поправа или да купува нови.  А додека нема свој стан, не ни има потреба.
Слобода на релокација
Ако и текне да се пресели во друг град или друга држава, се што треба да направи е тоа да го најави на сопственикот еден месец претходно. Нема продажба, акенции за недвижности, расправии… “Да не си врзан за едно место е еднакво ослободување како, сопственост на имот, делува смирувачки и стабилно. Нету едно не е подобро од другото, но двете имаат свои предности”, вели Кеј.
Цимери
Делењето на својот животен простор може да ве излуди, а може и да биде најзабавно искуство кое сте го имале во животот. Преговарање за утринското користење на бањата, договор за фрлање на ѓубрето, чистење и се останато се одлична вежба за толеранција и создавање компромис, а може да го подобри и пријателството подобро од било какво дружење.
“Изгубена генерација”
Денес младите често се дефинираат како “изгубена генерација”, која не може да најде работа и која не може да си дозволи домување, па живеат со родителите. Кеј не се сложува –тврди дека припаѓа на генерација која може да се носи со својата ситуација и да ја издржи, а истакнува и дека постојат и полоши работи од тоа да не поседувате четири ѕида: Можете, на пример, да бидете членови на “Генерација чума “.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement