На луѓето навистина “им се пали црвената сијалица” кога се лути е заклучокот на едно истражување. Личностите кои покажувале знаци на агресија и бес често ја бирале оваа боја во серијата сина/црвена слика.
Научниците веруваат дека ваквото однесување е поврзано со нашите предци – ловци, кои црвената боја ја поврзувале со опасност. Црвената боја во дивината било бојата на отровните билки, опасни инсекти и општо потенцијални опасности. Оваа боја исто така и на други начини се поврзува со насилни и нептијатни ситуации: луѓето поцрвенуваат кога им е непријатно, но и кога се лути, за што е одговорен хормонот – тестостерон. Во оваа студија која се спровела на Универзитетот во Северна Дакота, испитаниците морале да потполнат три теста како би се одредила врската која кај нив постои измеѓу личноста, непријателството и бојата.
На првиот тест испитаниците се замолени да одговорат која боја најмногу им се допаѓа, дали сина или црвена, а по тоа се решавале тестовите за личноста. Овој дел на студијата покажал дека личностите кои имале непријателски чувства често преферираат црвена боја. Во вториот дел од тестот на учесниците им се прикажувале избледени слики на кои било елементи на сина и црвена боја, подеднакво застапени. Во третиот тест понудено им е одреден број на сценарија во кои биле во опасност и морале да одлучат брзо.
Резултатите биле интересни, оние кои преферирале црвена боја често се одлучувале да им наштетат на некои особи. Насилните луѓе имаат насилни мисли. Насилните мисли често се поистоветуваат со црвена боја и според тоа насилниците често ја гледаат оваа боја – се истакнува заклучокот на ова истражување.

You must be logged in to post a comment Login